21 јануари 2009

Тамблон - веб-сајт за зафатените родители

Тамблон е веб-сајт пред се наменет за зафатените тазе родители кои сакаат организирано и навремено да ги следат значајните промени во развојот на нивните деца. Она за што порано беа потребни специјални книги, кои можат да се полнат со фотографии и разни важни податоци врзани за растот и развојот на детето, денес, во чекор со дигиталното доба, истово, и тоа со многу послободни и посеопфатни можности, се прави онлајн. Чувајте фотографии, пишувајте приказни и споделувајте ги ваквите содржини со блиските пријатели и роднини лоцирани било каде во светот. Поврзете се други родители за да размените искуства или побарајте извори за што подобро подигнување на вашето дете..

Тамблон е многу повеќе од книга за бебиња и е секако многу помоќен од албум за фотографии. Тој ви нуди одлична можност да го забележувате растот, развојот, сите значајни моменти, смешни изрази и незаборавни фотографии.

Сајтот располага со дел кој опфаќа препорачани прилагодени ресурси за развојот на вашето дете: литература за деца, играчки, интересни активности, совети за вас, најдобрите алатки итн. Многу важно е што за се што ќе поставите онлајн, вие имате право и можност да одлучите дали да биде приватно, јавно или достапно само за кругот на семејството и пријателие. Сите содржини кои ќе ги објавувате, ќе станат дел од вашиот личен блог за кој ќе ви биде доделена едноставна веб-адреса, на која треба да ги поканите блиските да ја регистрираат својата желба да бидат во тек, со се што ќе се најде таму.

Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: модерен
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 5/10
Јазик: англиски
Политика за приватност: има
Адреса: tumblon.com

Нема коментари: