“Флауершоп” е првата македонска интернет цвеќарница каде можете да купувате различно аранжирани букети и некои други помали подароци за секакви пригоди: од родендени, свадби, крштевки и други свечени погодности, до изразување сочувства, благодарност, па дури и деловни подароци. Основан уште во 2004 година, кога онлајн купувањето во Македонија воопшто и не беше возможно, Флауершоп првично беше наменет за странски купувачи кои сакаат да останат во контакт и да им испраќаат подароци на своите најблиски во Македонија. Денес, со се поголемата пракса на онлајн купување и кај нас, услугите на оваа интернет цвеќарница се лесно достапни и за сите граѓани во Македонија.

Вашиот подарок може да биде испорачан на која било валидна адреса во Македонија при што не треба да доплатите ништо за вршење на испораката. Единствено што би можело да се забележи е дека цветните аранжмани презентирани на сајтот се прават од сезонски цвеќиња, така што во случај истите да се недостапни, се врши замена со друга боја или слични цвеќиња. Како и да е, свежината и квалитетот на букетот се очекува да останат исти.
Дополнување: неопределиво
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: класичен, соодветен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: има
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 4/10
Јазик: македонски, англиски
Политика за приватност: има
Адреса: flowershop.com.mk
3 коментари:
Неодамна открив уште еден пристоен сајт за купување во МК, т.е. не е само еден продавач туку повеќе веди да се погледне http://www.tc.mk
Уште неколку добри продавници за купување во пресрет на денот на вљубените:
http://myshop.com.mk
http://ladoro.tc.mk
http://blesok.tc.mk
Еве и рецензија за сајтот www.tc.mk
http://sajtnadenot.blogspot.com/2010/02/blog-post_8479.html
поздрав
Објави коментар