25 февруари 2010

Кампувајте на американскиот континент

Доколку сте љубител на кампувањето или пак едноставно сакате да се впуштите во авантура спиејќи под отворено небо, веб порталот “Кампинг“ може да ви биде од голема корист. Основната цел за која е создаден овој сајт е да се поврзат луѓето кои уживаат во кампувањето, да споделуваат искуства и совети меѓусебно, а воедно претставува и комплетен водич за оние кои немале досега никаков допир со оваа област.

Доколку сте неодлучни каде да заминете на кампување, на сајтот можете да одберете една од многуте понудени атрактивни кампинг локации низ американскиот континент и за истата можете да дознаете цени, услови, патокази, мапи и многу други интересни нешта кои ќе ви го привлечат вниманието. Доколку сакате, можете да станете и член на заедницата на сајтот и да ги споделувате вашите совети и искуства за кои сметате дека можеби ќе бидат од корист за некој друг. За станување член се што треба да направите е да ги оставите личните податоци, отворајќи свој профил.

Онлајн продавницата на сајтот нуди секаков вид опрема и производи за вашето кампување и истите се прикажани и детално објаснети. Плаќањето се врши преку кредитна картичка, а за доставата плаќате во зависност од каде ја правите нарачката. Доколку не сте задоволни од производот кој сте го нарачале, производите можат да бидат вратени, доколку ги исполнувате правилата утврдени во политиката за враќање на производите. Меѓу поинтересните работи на сајтот е тоа што можете директно да изнајмите, купите или продадете кампинг приколка или кампинг комбе.

Дополнување: редовно
Брзина: солидна
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен
Навигација: нормална
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 5/10
Политика за приватност: има
Јазик: англиски
Адреса: www.camping.com

Нема коментари: