26 февруари 2010

Слушајте ги омилените радио станици во кое било време

Онлајн радиото „Туна” е бесплатна алатка која, покрај тоа што овозможува слушање на која било радио станиица, содржи и вграден пребарувач во реално време. Откако ќе го внесете името на музичкиот изведувач, песната или пак жанрот кој сакате да го слушате, пребарувачот веднаш ќе ви прикаже листа на резултати од кои ќе може да ја одберете саканата опција. Доколку тоа што го барате моментално го нема, пребарувачот ќе ви понуди слични резлутати.

Сајтот нуди опциона регистрација, што значи дека сервисот може да го користите дури и без да се регистрирате. На средината на страницата е поставен пребарувачот, а на левата страна се поставени петте глобално најслушани песни. Во десниот дел се наоѓа мени со веќе поставени жанрови, а кога ќе одберете еден, добивате паѓачко мени со повеќе поджанрови. За одбраната станица ќе може да прочитате детали за „највртените“ музички стилови, артисти и песни на истата. Доколку сте регистрирани, може да ги означуавате и зачувувате станиците и на тој начин да ги слушате кога и да посакате. Покрај зачуваните станици, на вашиот профил ќе се појави и музичка историја, во која ќе ви биде достапно се што дотогаш сте слушале. Станиците може да ги споделите на „фејсбук“, „твитер“, „диг“ или „стамбл апон“ и на тој начин да им покажете на вашите пријатели што моментално слушате.

Дополнување: неопределиво
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен
Навигација: нормална
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 1/10
Политика за приватност: има
Јазик: англиски
Адреса: radiotuna.com

Нема коментари: