01 март 2010

Конвертирајте ги омилените текстуални написи во аудио фајлови

Кериаут текст“ е корисна интернет алатка чија основна намена се состои во конвертирање на секојдневните вести, блог написи, електронската пошта и други текстуални документи, во аудио фајлови.

Процесот на конвертирање се состои од два, брзи чекори. Почнете со копирање на саканиот текст и залепете го (paste) во предвиденото поле на страницата, или пак директно закачете текстуален документ со пребарување меѓу папките на вашиот компјутер. Потоа одберете ја опцијата конвертирање и почекајте додека сервисот го процесира вашето барање. Времетраењето на конвертирањето зависи од големината на текстот кој сте го одбрале. Откако процесот ќе заврши, ќе ви се отвори скок прозорец од кој ќе може да одберете дали сакате да го отворите или зачувате вашиот мп3 фајл.

Овој сервис е посебен по неговата изразена едноставност. За да конвертирате текст не е потребно да се регистрирате, да симнете посебен софтвер или додатоци за вашиот прелистувач. Моментално, веб-локацијата подржува само фајлови на англиски јазик, а веќе конвертираните аудио документи остануваат на серверот во период од 24 часа.

Дополнување: нема
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: веб 2.0
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 0/10
Политика за приватност: нема
Јазик: англиски
Адреса: www.carryouttext.com

Нема коментари: