02 март 2010

Прв бизнис-локатор во Македонија

За прв пат во Македонија, по примерот на многу други светски земји, реализиран е проектот кој ќе им овозможи на сите заинтересирани фирми од земјава, сателитски да го лоцираат своето седиште, а со тоа да им помогнат на потенцијалните клиенти полесно ги пронајдат.

Веб-порталот „Директориум“ претставува електронски сервис, кој со помош на „Google maps“ и „Google earth“ на лесен и едноставен начин ви овозможува да ја одредите точната локација на вашата фирма. За да ги користите услугите на овој сервис како бизнис субјект, потребно е да се регистрирате на сајтот, со што добивате свој кориснички профил кој потоа можете самостојно да го менувате, ажурирате или пак да го надополнувате во зависност од вашите потреби, а за истиот ќе треба да платите симболична годишна претплата. Во корисничките профили, фирмите можат да го вметнат своето лого, адресата, производите, нивните податоци за контакт, опис на дејноста со која се занимаваат, работното време итн.

Лоцирањето на фирмите од страна на посетителите на овој сервис може да се врши преку пребарување по првата буква од дејноста или по првата буква на фирмата или правното лице. Исто така сервисот има и пребарувач на претплатените фирми, па со впишување на името, дејноста или брендот, ќе ви бидат прикажани соодветни резултати.

Дополнување: од корисниците
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен, едноставен
Навигација: одлична
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 0/10
Политика за приватност: нема
Јазик: македонски
Адреса: www.directorium.mk

Нема коментари: