08 март 2010

Декомпресирајте онлајн кога не можете офлајн

Компресираните фајлови често можат да ви претставуваат проблем доколку немате инсталирано некоја од алатките за декомпресирање како што се WinRAR или 7-Zip или пак се наоѓате на компјутер каде што ви е забрането од администраторот истото да го направите.

Вобзип“ претставува онлајн алатка која ви овозможува едноставно да ги декомпресирате вашите фајлови, а за истото ви е потребна само интернет конекција. Фајловите кои сакате да ги декомпресирате можете да ги прикачите од вашиот компјутер или пак тоа да го направите преку назначување на целосната веб-адреса на конкретниот компресиран документ на интернет. Откако ќе ги прикачите вашите фајлови, притиснете го копчето „wobzip“ по што ќе треба да почекате одредено време во зависност од големината на прикачениот фајл. Откако фајловите ќе бидат декомпресирани, ќе добиете листа и од истата ќе можете да ги преземете потребните фајлови.

Сервисот нуди голема сигурност и заштита, бидејќи секој од фајловите подлежи на скенирање од вируси преку антивирусот „BitDefender“, кој според многу анализи е моментално најдобриот антивирус, а заразените фајлови се автоматски отстранети без можност истите да бидат преземени. Сервисот подржува многу различни формати за компресирани документи, чија максимална големина може да биде до 100 мегабајти.

Дополнување: ретко
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 4/10
Политика за приватност: нема
Јазик: англиски
Адреса: wobzip.org

Нема коментари: