09 март 2010

Интересни факти и мудрости собрани на едно место

Ако сте љубител на убава и мудра мисла, тогаш „Ризница“ ќе ви претставува одлично катче за секојдневно воодушевување. За користење на овој веб-сајт не ви е потребна регистрација, сè што треба е да се закачите на него и да уживате во мудростите.

Сајтот е многу едноставен. Со одбирање на некоја од категориите можете да наидете на многу мисли, факти, поговорки и закони. Поткатегориите ќе ви помогнат полесно да најдете убави мисли кои вие сакате да ги читате. Сајтот располага и со обемен толкувач на соништа и интересно направен квиз кој се состои во погодување на што повеќе прашања во рок од една минута. Прашањата се всушност мудри мисли од познати личности, а вашата задача е да ги препознаете нив. Постои и рубрика во која можете да прочитате многу интересни и вистинити ритуали, разлики помеѓу мажите и жените, објаснувања за различни типови на карактери и други интересни нешта. Секојдневно излегува и нова „збунувачка мисла“ која малку ќе ве замисли и фобија на денот.

За секоја од мислите можете да гласате и да ги споделувате на многу популарни сервиси и социјални мрежи.

Дополнување: редовно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: интересен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 3/10
Политика за приватност: нема
Јазик: македонски
Адреса: www.riznica.com.mk

Нема коментари: