10 март 2010

Искажете ги вашите згоди и незгоди

Секојдневно ни се случуваат работи кои не можеме да ги држиме во себе и едноставно сакаме да ги споделиме со некого. Без разлика дали станува збор за комична или незгодна ситуација или пак едноставно некој ве изнервирал на работа и слично, веб сајтот „Испразни се“ ќе ви биде тука секогаш да и олесните на вашата душа.

Сајтот, се разбира, е од забавен карактер и неговата цел е да шири позитивна енергија помеѓу читателите и корисниците. Бројот на „празнења“ т.е. оставање на краток текст со некоја случка или анегдота е неограничен, но за секое „празнење“ ви е ограничен бројот на знаци (350 букви заедно со празните места) кои може да ги содржи истото. За да го користите сервисот не е потребно да се регистрирате иако постои и таква опција. За да оставите текст потребно е да притиснете на копчето „Испразни се“, да го впишете вашиот текст, да одберете категорија која е соодветна за содржината, да се потпишете под некој псевдоним и да се согласите со условите на сервисот. Потоа вашето „празнење“ ќе може да биде гласано од страна посетителите на сајтот.

Веб-сајтот претставува успешно реализирана идеја на интересен и креативен начин, која овозможува бесплатно и слободно секој да може да сподели дел од својот живот. Доколку ви се допаѓа целата идеја, сајтот можете да го следите на „Фејсбук“ и на „Твитер“.

Дополнување: од корисниците
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледлив
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 0/10
Политика за приватност: има
Јазик: македонски
Адреса: www.ispraznise.mk

Нема коментари: