22 март 2010

Онлајн бесплатна алатка за цртање

Веројатно „Мајкрософт Пеинт“ е најкористената програма за цртање на домашните компјутери. Доколку претпочитате да работите онлајн, „Канвастик“ е иделна веб-апликација за вас, бидејќи содржи слични опции како програмата на „Мајкрософт“.Апликацијата е бесплатна, не бара дополнителна регистрација за користење, а готовиот цртеж може да го зачувате или да го погледнете текот на цртањето.

На канвастик ќе најдете шест големини на четки, огромна палета на бои од кои можете да избирате и опции за зачувување, печатење или бришење на цртежот. Цртањето се врши со помош на глувчето, а дополнителна е можноста за додавање на текст под цртежот. На овој начин, со малку креативност и неколку потези со глувчето, под готовиот цртеж може да вметнете кратка посвета и да ги израдувате најблиските.

Иако апликацијата не изобилува со многу опции, сепак е идеална за сите кои сакаат да ја вежбаат вештината на цртање со слободна рака, а и за сегашните или идни корисници на графичка табла.

Дополнување: нема
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 3/10
Политика за приватност: нема
Јазик: англиски
Адреса: canvastic.net

Нема коментари: