26 март 2010

Одличен сервис за конвертирање аудио и видео материјали онлајн

Медија конвертер“ е онлајн сервис кој ќе ви овозможи да ги претворите вашите аудио и видео фајлови во формат што ви одговара. За користење на овој сервис можете, но не морате да се регистрирате, во зависност од тоа кои опции сакате да ги имате на располагање.

Без регистрирање на сервисот, ќе можете секојдневно да конвертирате најмногу 5 фајлови во нормален квалитет, со ограничување на големината на истите до 100 MB. За разлика од ова, доколку се регистрирате на сајтот (неделно, месечно, на 6 месеци или пак годишно), притоа плаќајќи соодветна сума, вашите можности се прошируваат. На овој начин ќе можете да прикачите фајлови со големина до 1 GB во неограничена количина, ќе добиете онлајн складиште за зачувување на вашите обработки од 5 GB и истите ќе можете да ги добиете со многу повисок квалитет. И на двата начина фајловите можете да ги прикачите директно од вашиот компјутер или преку впишување на линкот до видеото или аудио материјалот кој сакате да го конвертирате, за што на располагање имате избор од многу формати. Исто така, има опција за директно пребарување на видео од Јутјуб преку сервисот и можност за преземање во соодветниот формат и квалитет. Откако ќе ги прикачите и одберете вашите материјали и ќе ги изберете опциите за начинот на конвертирање, притиснете „Cinvert“, почекајте постапката да заврши и потоа преземете ги вашите фајлови.

Уште една важна разлика помеѓу двата начина е брзината на конвертирање, која секако на претплатничкиот профил е многу поголема. Исто така, од сајтот ќе имате можност да преземете додаток за вашиот прелистувач кој ќе ви овозможи директно без никаква постапка веднаш да конвертирате видео или аудио материјал од интернет, преку одбирање на опцијата од вашата палета со алатки.

Дополнување: ретко
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 6/10
Политика за приватност: има
Јазик: англиски, германски,
француски, шпански, италијански
Адреса: www.mediaconverter.org

Нема коментари: