14 април 2010

Додадете повеќе слоеви со линкови на поимите што ги објаснувате

Дали некогаш ви се случило да имате потреба да поставите повеќе линкови на еден збор или фраза која треба да ја објасните во вашиот текст, но поради ограниченоста на линкувањето, сте морале да се одлучите само на еден извор? Сигурно да. Ако е така, овој проблем отсега ќе можете да го надминувате со „Батнс (види овде). Тоа е сервис кој овозможува поставување на повеќе слоеви од линкови на еден збор или фраза.

Сервис за поставување повеќе линкови на еден текст одеднаш
Батнс функционира многу едноставно, без потреба од регистрирање. Најпрво го внесувате зборот или зборовите од кои сакате да поставите линкови. Потоа, се избира стилот на буквите: дали да биде подвлечен, здебелен, како останатиот текст и сл. Следниот чекор е главен и овозможува избирање на пребарувачи, сервиси и самопосочени веб-локации до кои сакате да линкува претходно впишаниот текст. На крајот добивате код кој со копирање треба да го сместите на соодветното место во вашата онлајн објава. Резултатот е практично и симпатично облаче со повеќе линкови кои се наредени едно по друго, што се појавува кога ќе се помине со курсорот преку текстот.

Батнс го менува начинот на кој досега се сфаќаше линкувањето. Дополнително, тимот кој го развива сервисот работи на професионална верзија која, меѓу другото, ќе овозможува архивирање на сите линкувани содржини на своја корисничка сметка, можност за нивно менување, поставување на свој графички идентитет и др.

Дополнување: нерелевантно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 0/10
Јазик: англиски
Политика за приватност: нема
Адреса: www.butns.com

Нема коментари: