27 април 2010

Гледајте ги вашите омилени ТВ емисии и серии онлајн

КастТВ“ претставува онлајн видео пребарувач преку кој сите корисници можат да ги гледаат најновите епизоди од своите омилени серии и емисии, или пак музички спотови, исечоци од спортски натпревари, вести, видеа од секакви настани, па дури и по некој филм.

Скоро сите видеа на сајтот се бесплатни и достапни во голем дел од светот. Овој сајт, всушност претставува агрегатор на најдобрите и најпознатите пребарувачи на видеа. Регистрацијата на сајтот е произволна, бидејќи и без тоа ги имате истите опции на располагање. Единствено, ќе треба да се регистрирате доколку сакате да платите за некое видео кое не е бесплатно достапно. Повеќето од веб-сајтовите преку кои се гледаат видеата не поставуваат ограничувања, иако ретко можете да наидете и на такви пречки. Сајтот им овозможува на корисниците да ги гледаат најновите епизоди од омилените ТВ серии по нивното прикажување во етерот. На него ќе најдете и календар во кој уредно, по датуми се впишани премиерите на најновите епизоди од сериите и емисиите, овозможувајќи им на корисниците секогаш да бидат благовремено информирани.

Пребарувањето се врши на стандарден начин преку впишување на поим или клучен збор од насловот на содржината. Веднаш до пребарувачот има копче кое ако е исклучено, при пребарувањето ќе ги прикаже и содржините кои не се соодветни за сите возрасни групи. Доколку овој сајт ви е интересен и сакате поредовно да го користите, можете да го инсталирате и додатокот за прелистувач преку кој ќе можете да го следите календарот или да најдете некое видео без да го отворате сајтот.

Дополнување: редовно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен
Навигација: средна
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 5/10
Политика за приватност: има
Јазик: англиски
Адреса: www.casttv.com

Нема коментари: