![]() |
Веб-сајт кој овозможува електронско пополнување на ПДФ документи |
Доколку се регистрирате, прикачениот документ ќе може и да го споделите, поврзете со линк или да го вградите на вашиот веб-сајт со што и други луѓе ќе може да го пополнуваат.
Освен прикачување на ваши формулари, сервисот овозможува пребарување и користење на веќе изработени формулари од други корисници.
Бесплатната регистрација дозволува зачувување на еден и уредување на пет други формулари, додека месечната претплата од 19 долари, овозможува зачувување на 100 формулари и уредување на дополнителни 1000.
Доколку документите не ви требаат онлајн, бесплатно можете да прикачувате неограничен број ПДФ фајлови. Во тој случај, секој ПДФ треба да го пополните и уредите, после што веднаш треба да го преземете и избришете за да ослободите простор за следниот документ на кој ќе сакате да работите.
Дополнување: нема
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен
Навигација: нормална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 5/10
Политика за приватност: има
Јазик: англиски
Адреса: www.fillanypdf.com
1 коментар:
Неодамна го купивме нашиот дом со помош на г-дин Бенџамин Ли, службеник за заем кој ни помогна мене и мојот сопруг со заем од 5.000.000,00 УСД и целото искуство беше без стрес и не остави неверојатно задоволни. Бевме надвор од државата, но далечината не беше проблем и г-дин Бенџамин Ли секогаш беше достапен за дискусија. Силно препорачуваме г-дин Бенџамин Ли и неговиот тим за активна должност на барателите на заем да го користат г-дин Бенџамин Ли на секаков вид заем. Г-дин Бенџамин Ли Информации за контакт, е-пошта: 247officedept@gmail.com
Објави коментар