24 февруари 2010

Анализа на домени и политики на приватност на македонските веб-сајтови рецензирани во „Веб-сајт на денот“

Анализата на присуство на политика на приватност кај рецензираните македонски веб-сајтови за периодот од април 2008 до февруари 2010 година, кои ги објавува Фондацијата Метаморфозис во рубриката „Веб-сајт на денот“ во дневниот весник „Време“, укажува дека само мал број од нив имаат ваков дел.

Политика на приватност (П.П.) е документ, страница или дел од страница на веб-сајтот со која се објаснува на кој начин администраторите постапуваат со личните податоци на посетителите. П.П. е одраз на постоењето свест за законските ограничувања и обврски во оваа област, како и на тоа дали во рамките на фирмата/организацијата се воспоставени работни процедури со кои се гарантира заштита.

Голем број македонски сајтови не го користат доменот .mk, па затоа податоците за присуството на политика на приватност кај 63 сајтови од примерокот се претставени според доменот:

Изборот на веб-сајтови за примерокот не е воден според тоа дали имаат или немаат политика на приватност, но поради ограничениот број вклучени сајтови, тој не може да се смета за статистички репрезентативен за сите македонски сајтови. Рецензираните веб-сајтови се избрани заради некое својство: квалитет, оригиналност на идеја, популарност и сл. и како такви се препорачани на публиката на весникот Време, како и на посетителите на овој блог.

Подетален приказ по домени до второ ниво е даден во следната табела.

Од 63 македонски веб-сајтови, само 15 имаат политика на приватност, или изразено во проценти, тоа се 23.8% од сите македонски рецензирани веб-сајтови за избраниот период. Најголем број од рецензиите се за веб-сајтови кои имаат домен com.mk (21) односно 33.33 % од сите. Потоа следуваат сајтовите со домен .mk (17) – 26.9% и сајтовите со домен .com (12) – 19%.

Листа на рецензирани македонски веб-сајтови во периодот април 2008 - февруари 2010 година со политика на приватност:

  1. Твоја музика - рецензија
  2. Терминологија - рецензија
  3. Mladiinfo - рецензија
  4. Купи.сè - рецензија
  5. Ибид - рецензија
  6. ДеБагирај - рецензија
  7. ГВГ Миднајт - рецензија
  8. Одговори - рецензија
  9. Патувај Заедно - рецензија
  10. Doma.com.mk - рецензија
  11. Step.mk - рецензија
  12. ping.mk - рецензија
  13. FlowerShop - рецензија
  14. Трговски центар - рецензија
  15. ParkNOW - рецензија

забелешка: некои од рецензираните веб-сајтови, во меѓувреме станале неактивни

Нема коментари: