![]() |
Веб-сајт со информации за зоолошката градина- Скопје |
Меѓу другото, „Зоо Скопје” има за цел да информира, преку делот за актуелни новости од десната страна на страницата, како и преку категоријата „Во медиумите” каде може да ги прочитате вестите од медиумите во врска со оваа институција.
Но, сајтот, исто така, има и едукативна функција. Имено, на страницата „Животни”, ќе ги најдете животните класифицирани во 3 категории: влекачи, птици, цицачи, а во секоја од категориите ќе најдете опис и кратки информации за секое животно.
Иако, на сајтот ќе забележите можност за негова англиска верзија, сепак, тој во моментот функционира само на македонски јазик.
На „Зоо Скопје” можете да се регистрирате со цел да добивате информатор преку електронска пошта, а секако, може да ја следите и нивната страница на Фејсбук.
Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен
Навигација: нормална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 0/10
Политика за приватност: нема
Јазик: македонски
Адреса: zooskopje.com.mk