Сервисот „
Fillanypdf“ овозможува пополнување формулари, кои се зачувани како ПДФ документи. Бидејќи ваквиот формат на документи сè почесто се среќава во употреба, овој сервис навистина може да биде многу корисен. Наместо документот да се печати, па потоа да се пополни, скенира и да се праќа, со овој сервис сè може да се заврши електронски.
 |
Веб-сајт кој овозможува електронско пополнување на ПДФ документи |
Единствено што треба да се направи е да се избере документот и да се прикачи, при што сервисот ќе го отвори во својот работен прозорец. Со користење на лентата со алатки, документот понатаму може да се уредува, односно да се внесе саканиот текст, да се означат одредени делови, да се додаде електронски потпис и сл. На крајот, пополнетиот документ може да се симне.
Доколку се регистрирате, прикачениот документ ќе може и да го споделите, поврзете со линк или да го вградите на вашиот веб-сајт со што и други луѓе ќе може да го пополнуваат.
Освен прикачување на ваши формулари, сервисот овозможува пребарување и користење на веќе изработени формулари од други корисници.
Бесплатната регистрација дозволува зачувување на еден и уредување на пет други формулари, додека месечната претплата од 19 долари, овозможува зачувување на 100 формулари и уредување на дополнителни 1000.
Доколку документите не ви требаат онлајн, бесплатно можете да прикачувате неограничен број ПДФ фајлови. Во тој случај, секој ПДФ треба да го пополните и уредите, после што веднаш треба да го преземете и избришете за да ослободите простор за следниот документ на кој ќе сакате да работите.
Дополнување: нема
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен
Навигација: нормална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 5/10
Политика за приватност: има
Јазик: англиски
Адреса:
www.fillanypdf.com